Женската младинска репрезентација на Македонија, вчера го започна со пораз на Европското првенство. Бевме совладани од Црна Гора, поразот дојде со резултат 33-29.
На одмор се замина по 30.минути ракомет со негатива од 19-16 за црвено-жолтите. Во оваа средба имавме подеми и падови, бевме блиску и до позитивен резултат сепак бевме на поразени со 33-29. Вардарката Сара Стефаноска заедно со Јанкуловска беа први стрелци тие дадоа по шест гола, по четири имаа Дукоска и Борјана Коцева.
Денес во 16:30 часот не очекува дуел со фаворитот Данска.