Познати се клубовите учесници во младинска, кадетска и пионерска женска лига за натпреварувачка сезона 2023/24. ЖРК Вардар ќе има екипа во сите три категории.
Младинската Лига ќе се игра со вкупно седум екипи, каде покрај Вардар се уште и Спартак, Куманово, Ѓорче Петров, Скопје, Илинден Вардар и Шампион. Во првото коло кое е закажано за 21/22.октомври нашите младинки ќе гостуваат на екипата на ЖРК Скопје.
Кадетската Лига ќе ја сочинуваат осум екипи. Вардар, Ѓорче Петров, Гевгелија, Јехона, Чаир, Делчево Вардар, Илинден Вардар и Стружанка ќе се натпреваруваат во лигата. Прв противник ќе ни биде екипата на Делчево Вардар, на 21/22.октомври ќе бидеме домаќини во рамките на првото коло.
Пионерската Лига ќе ја сочинуваат вкупно 16 екипи, кои ќе се натпреваруват поделени во две групи. Вардарки се дел од групата А во која се уште и екипите на Металург Автокоманда, Младост 1977, Кузман Вардар Илинден, Астибо, Овче Поле СУ, Делчево Вардар и Старк 2022. Во првото коло кое ќе започне на 21/22.октомври на домашен терен ќе ја пречекаме екипата на Астибо. Во групата Б ќе играат екипите на Ѓорче Петров, Пелистер, Деспина, Чаир, Металург, Младост Јуниори, Стружанка и Лихнид 2012.
Во кадетската и младинската лига ќе се игра по еднокружен бод систем, додека во пионерската лига ќе има завршен Ф4 турнир, на кој ќе играат најдобрите две екипи од двете групи.