Ракометарката на нашиот црвено-црн женски ракометен колектив Татјана Хмирова беше успешно оперирана. Таа имаше хирушки зафат на коленото,во Аугсбург-Германија. Нашата Хмирова имала болки во нејзиниото десното колено поради т.н “плика синдром“ и почетни промени во рскавицата. Ако сѐ е во ред, би требало да се врати за пет недели. Таа ќе му недистига на Вардар во претстојните мечеви од Лигата на шампионите. Татјана ќе ја пропушти главната фаза и преостанатите 4 натпревари.
Редакцијата на Вардар фанс и посакува на Татјана Хмирова брзо и лесно опоравување и повторно да игра на истото ниво во нашиот Жрк Вардар.