Утре(недела) чествуваме 152 години од раѓањето на најголемиот македонски револуционер – Гоце Делчев. По овој голем повод, со свое соопштение се огласи најголемата навивачка група во Македонија. Популарните ,,Комити” го најавија своето традиционално чествување на големиот македонски револуционер – Гоце Делчев.
ЗА ДАСКАЛОТ!
Утре(недела) чествуваме 152 години од раѓањето на најголемиот македонски револуционер – Гоце Делчев.
Собирот започнува во 12:00ч, пред Жабар.
Од таму сите заедно ќе се упатиме кон црквата Св. Спас, кон вечното почивалиште на големиот јунак.
Упатуваме апел до сите Македонци!
Масовно и достоинствено да го одбележиме овој голем ден.
,,Ќе удри утринската зора и за нас…”