Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Во вторник Жрк Вардар гостува кај Букурешт во клучниот меч за третата позиција во групата
Во вторник Жрк Вардар гостува кај Букурешт во клучниот меч за третата позиција во групата

Во вторник Жрк Вардар гостува кај Букурешт во клучниот меч за третата позиција во групата

Вардарки со победата против Савехоф во спортскиот центар Јане Сандански во третото коло во главната групна фаза од лигата на шампиони во женска конкуренција се искачија на треттото место на табелата со вкупно 8 освоени бодови. Романскиот преставник во Л.Ш екипата на ЦСМ Букурешт кај која гостуваме во вторник во досегашниот дел од елитната лига успеа да “собере“ бод помалку, тие имаат 7 бода.

Избраничките на Индира Кастратовиќ во вторник со поволен резулат ќе се обидат да се зацврстат на третата позиција што ќе донесе поповолен противник во 1/4 финалниот двомеч.  Нов квалитет во нашиот црвено-црн женски колектив е  новиот помошник тренер Камара, кој забележа победа на својот прв меч како асистент на Кастатовиќ. Во првиот дуел со романски ЦСМ Букурешт кој воедно беше прв меч за вардарки по зимската пауза  во дуел со многу промени на резултатот и менување на водството на двете страни, сепак на крај подобро се снајдоа Вардарки кои ја забележаа првата победа во новата групна фаза со 22-21.  Од истиот може да погледнете фотогалерија -овде. Од дуелот во вторник кој почнува во 18-00 часот ќе има директен пренос на македонската радио и телевизија.