Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Женскиот ракометен шампион замина за Букурешт
Женскиот ракометен шампион замина за Букурешт

Женскиот ракометен шампион замина за Букурешт

Вардарки утрово заминаа за Романија, со лет преку Виена и се очекува околу 18 часот да пристигнат во Букурешт. Утре нашиот женски ракометен шампион, можеби го игра решавачкиот натпревар за треттото место во групата, иако со победа можеме до крајот да се надеваме на освојување и на втората позиција. по поразот на Ѓер од Будуќност, Унгарскиот вицепрвак има 11 освоени бодови, додека Вардарки до овој натпревар имаат 8. Секако влогот е голем и за двете екипи, кои речиси и да имаа обезбедено пласман во 1/4 рунда, откако Митјиланд неочекувано загуби од последнопласираниот тим на Савехоф.

Да потсетиме дека првиот натпревар во Скопје го добивме, минимално со резултат 22:21, тој меч воедно беше и прв во новата година. За Букурешт не отпатуваа Итана Грбиќ, Драгана Петковска и повредената Татјана Хмирова. Утрешниот дуел е закажан да започне од 18:00 часот. До крајот ќе ни останат уште натпреварите со Будуќност во Јане Сандански (недела) и на гости против Савехоф.