Sunday ,08 June 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Давид Дејвис: Победата ја донесоа нашите голмани и добрата одбрана
Давид Дејвис: Победата ја донесоа нашите голмани и  добрата одбрана

Давид Дејвис: Победата ја донесоа нашите голмани и добрата одбрана

Нашиот шампион Вардар сосема заслужено оствари победа со романскиот преставник во елитната лига екипата на  ЦСМ Букурешт. Црвено-црните успеаа да победат со резулат 25-30, со што обезбедиа сигурно место во овогодинешното 1/4 финале. Помошникот на шефот на  стручниот штаб на Вардар Давид Дејвис, за овој дуел ги искажа својте впечатоци, тој вели :

Знаевме дека ќе биде многу тешко, бидејќи Букурешт има добри играчи и добар тренер. Плус тоа за нас ова беше прв натпревар на гости во овој состав и не знаевме каква ќе биде ситуацијата, но одигравме фантастично прво полувреме. Во вториот дел почнавме малку полошо, но потоа повторно го контролиравме мечот и со помош на нашите голмани и со добра одбрана заслужено ја носиме победата во Македонија- вели  Дејвис.

Нашата Андреа Пенезиќ  беше еден од поистакнатите поединци на вардарки во оваа победа со романките. Таа  стрелаше  седум пати во голот на Букурешт и беше втор стрелец во нашиот состав. Таа за ова значајна победа со дирекниот конкурент за третото место во групата вели:

Мислам дека денеска ние бевме подобри. Многу сум задоволна од првото полувреме, тогаш игравме добро и во двете насоки. Во вториот дел се почуствувавме малку уморни и затоа не продолживме еднакво добро како и во првото полувреме. Сѐ на сѐ среќна сум, освоивме два бода со кои го потврдивме треттото место во групата“, изјави Андреа Пенезиќ.