Поради тројната викенд програма за екипите на ракометниот клуб Вардар, викендов нема да бидат одиграни натпревари во “Јуниор“ лигата. Причина е презафатеност на малата сала во спортскиот центар Јане Сандански. Со оглед дека во моментов на гости ни се екипите на Кристијанштад и Будуќност, а во текот на утрешниот ден ни доаѓа и Карпати од Украина, нереално ќе беше да се одржеа натпревари во оваа лига,која успешно функционира изминативе неколку месеци. Натпреварите од новото коло на Јуниор лигата, ќе продолжат од следниот викенд.
