Екипата на Жрк Вардар Јуниор го направи првиот чекор, кон историскиот пласман во полуфиналето на Челинџ купот. Избраничките на Симе Симовски со предност од три гола ќе патуваат на реваншот во Украина и ќе се обидат да ја елиминираа екипата на Карпати. Конечниот резултат на овој прв дуел гласеше 22:19. По првото полувреме имавме исто така предност од 13:12. Можеби на моменти пропуштивме шанса да поведеме и со највисоки четири голови разлика, но среќата не беше на наша страна. Сепак Вардар ќе биде тимот кој со предност ќе го започне мечот во Украина, што ќе биде дополнителен притисок за противникот. Нина Бојаџиска постигна два гола во победата ан црвено-црните.
-Беше ова навистина тежок натпревар, но издржавме и се изборивме до крај за триумф. Сметам дека можевме да победиме со поголема разлика. Нападот малку ни беше послаба страна, имавме доста технички грешки, но нашата одбрана функционираше беспрекорно. Се испочитува договорот пред мечот и стигнавме до посакуваната победа. Имаме време да ги анализираме сопствените грешки и на реваншот во Украина да ги поправиме. Верувам во девојките, ќе дадеме се од себе да се пласираме во полуфиналето, изјави Нина Бојаџиска за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски