Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Почна да тренира и Хмирова
Почна да тренира и Хмирова

Почна да тренира и Хмирова

Уште една позитивна вест ни пристигна од таборот на ЖРК Вардар. Имено, Хмирова по операцијата на коленото е добра  и започна со тренинзи со екипата. Како што знаеме ”Тата” поради операцијата на коленото беше надвор од терените еден месец. Очекуваме Хмирова да биде подготвена за 1/4 финалните натпревари на Вардар. Хмирова за официјалниот сајт на ЖРК Вардар даде изјава, па ви ја пренесуваме истата:

„Почнав малку денеска, уште не тренирам целосно со екипата, меѓутоа можам да шутирам и да трчам и слободно можам да речам дека секој ден се чувствувам сѐ подобро. Не знам точно кога би се вратила на натпреварите, но важно е што се опоравувам добро. Ова сепак беше една полесна операција и очекувам за четвртфиналето да бидам подготвена да му помогнам на мојот тим“, изјави Тата оптимистички.