Четата на шпанскиот предводник од клупата Раул Гонзалес по вчерашниот попладневен тренинг (види фото) денес одработи и лесен утрински тренинг последен пред заминувањето за Унгарија. Црвено-црните ги чека тежок, а воедно и многу значајниот меч против Пик Сегед. Мечот со унгарците е дуел од 13-тото коло од машкиот сегмент во Лигата на шампионите.
Нашите момци денес во 13-00 часот ќе полетаат од скопскиот аеродром “Александар Велики“ за Белград. Од главниот град на нашата сосдедна земја со автобус ќе патуваат близу 200 км до градот Сегед кој е пограничен град во Унгарија. Дуелот со унгарскиот преставник во Л.Ш се игра во недела со почеток во 17:30 часот. Експедицијата од Скопје ќе замине без средниот бек Игор Карачиќ, кои и ако е вратен во Скопје во консултација со лекарскиот тим на РК Вардар Гонзалес реши да не ризкува сеуште со него, Тој имаше операција на хематом на тестисите која ја оперираше на почетокот од месецов. Таа повреда ја заработи на последниот натпревар на Е.П во Полска, играјќи во малото финале со хрватската репрезентација.