Вардарки својата работа си ја завршија на вчерашниот натпревар, па сега на ред е да гледаат како ќе се одвиваат другите резултати, па да го дознаеме и нашиот противник во 1/4 финалето од ЛШ. По победата над Савехов, Вардарки ќе останат на првата позиција барем до утре. Но според дуелите, би требало в недела Будуќност да нема поголеми проблеми против отпишаниот Митјиланд, и со победа да избие на првото место. Од друга страна пак, Ѓер исто така игра в недела против Букурешт на гости. Доколку Ѓер не го добие овој натпревар, Вардар ќе дојде на второто место на табелата, а Ѓер ќе биде трет.
Е сега, сите погледи ние ги вперуваме во другата група. Денеска од 14-30 во директен дуел за второто место играат Ференцварош и Баја Маре. Во овој момент и двете екипи имаат по 10 бодови, значи кој ќе го добие овој натпревар ќе избие на второто место зад Ростов Дон. Од друга страна пак за второ место шанси има и Ларвик. Овој тим во недела на гости против Флери ќе брка победа. Значи сега за сега, и трите тима се можни наши противници во ЛШ. Според многумина најпосакуван противник е тимот на Баја Маре, а најнепосакуван тимот на Ларвик.