Екипата на Жрк Вардар доживеа тежок пораз на гостувањето во Русија, од екипата на Динамо Синара. Сосема поинаква слика и издание на избраничките на Кастратовиќ, споредено со минатиот натпревар против Крим Меркатор.
Добро го отворивме овој дуел, поведовме со 0:2 со голот на Пенезиќ. Само до 9 минута успеавме да имаме предност. Најдобриот поединец на овој меч, Кочетова за прв пат го донесува својот тим во водство. Амандин Лејно до овој момент има одлични 6 одбрани. Како течеше играта,така домаќинот се повеќе се одлепуваше. Многу избрзани напади,и слабата игра во одбраната на нашиот тим, му овозможија на Динамо да ја зголемува предноста. Во 21 минута, веќе имаме негатива од четири гола, за истата да биде зголемена на три минути пред крајот на првиот дел. Сепак со погодокот на Николиќ од седум метри, успеваме на полувреме да заминеме со достижна негатива. Првиот дел заврши со резултат 15:12.
Пенезиќ со својот гол даде некаква надеж дека можеме да направиме пресврт. Но ништо од тоа не се случи. Како течеше мечот, се повеќе се зголемуваше предноста на Динамо. Кочетова немилосрадно ја полнеше нашата мрежа, а нашата одбрана немаше решение за неа. Черноиваненко со нејзиниот прв погодок намалува на 22:17. Следи серија од 3:0 за домаќинот, со која успеваат да стигнат до најголемото водство. Во 52 минута со гоилот на Гаче, резултатот гласи 25:17.Вардар имаше дури 19 неизнудени грешки.Конечниот резултат гласеше 33:25.