Конечно по екстра голема зимска пауза овој викенд ќе продолжат мечевите во женската Супер лигата. Во македонскиот женски ракомет зимската пауза е едноставно предолга последниот првенствен дуел на екипата на ЖРК Вардар јуниор предводена од Симе Симовски беше дури на 12 декември против Жрк Куманово.
Нашите девојки својот 10-ти дуел во единствената женска ракометна конкуренција оваа сезона ќе го одиграат на 27-ми март во недела. Младите вардарки ќе се сретнат со екипата на Жрк Ѓорче Петров, нашите девојки се првопласирани на табелата со 27 бодови, а ѓорчепетовки се четврти со освоени 10бода. Овој меч е закажан со почеток во 19-00 часот. Младите црвено-црните девојки во следното коло ќе бидат домаќинки на единствениот конкурент за првата позиција Жрк Металург.