Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ивана Стојмановска: Ќе се бориме до крај за бодовите овој пат да останат во нашата сала
Ивана Стојмановска: Ќе се бориме до крај за бодовите овој пат да останат во нашата сала

Ивана Стојмановска: Ќе се бориме до крај за бодовите овој пат да останат во нашата сала

Во сабота со почеток од 12 часот во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански ќе се одигра дерби натпреварот во младинска женска конкуренција помеѓу екипите на Вардар и Металург. Првиот натпревар во есенскиот дел заврши со триумф на екипата на Металург, кој се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда.Тој меч заврши со резултат 23:20. Вардарки ќе се обидат да му го нанесат првиот пораз на својот најголем противник во лигата. Првите четири пласирани екипи на табелата ќе обезбедат учество на завршниот турнир во младинската лига. Се очекува главната битка на Ф4 да ја водат токму овие две екипи. Црвено-црните напорно се подготвуваат изминатиов период за овој дерби дуел. Нивниот член Ивана Стојмановска за нашиот јсат ги сподели очекувањата во пресрет на саботниот меч.

-Моите очекувања од овој дерби натпревар се секако со добрата одбрана и напад на терен да покажеме дека сме подобри од противникот и да издвоиме победа за крајна цел. Тренинзите се одвиваат нормално како и секогаш со целосно вложен напор од наша страна, можеби со поразлична тактика само за тимската игра бидејќи овој натпревар е најважен за нас. Во нашата категорија само за Металург може да се каже дека е соодветен и рамномерен конкурент за нас, па кој ќе биде лидерот ќе остане да видиме после утакмицата. Со тоа што загубивме во Автокоманда, мотивираноста кај нас е иста без разлика кај и да играме.С о максимум ке влеземе во овој меч и ќе се бориме до крај за бодовите овој пат да останат во нашата сала, изјави Ивана Стојмановска за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски