Денес во 12-00 часот во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански се одигра дерби натпреварот во младинска женска конкуренција помеѓу екипите на Вардар и Металург. Младите вардарки однесоа победа на истиот 20-16.
Кај младинките на Вардар најдобри стрелци на овој дуел беа: Иванова со 5 гола, Николовска и Божиновска погодиа по 4 пати, а три пати стрелаше Станиќиевска, а на голот ја имавме фантастичната Јована Мицевска која забележа дваесетина успешни интервенции денес.