Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кастратовиќ: Лејно беше нашиот херој- Лазовиќ: Мораме во исто темпо да го одиграме и реваншот
Кастратовиќ: Лејно беше нашиот херој- Лазовиќ: Мораме во исто темпо да го одиграме и  реваншот

Кастратовиќ: Лејно беше нашиот херој- Лазовиќ: Мораме во исто темпо да го одиграме и реваншот

Во спортскиот центар “Јане Сандански“  на програмата вечерва беше  првиот 1/4-финален меч во женскиот сегмент на европската женска лига на Шампиони. Избраничките на Кастратовиќ и Камара  беа домаќинки на норвешкиот шампион Ларвик. Нашите хероини во овој дуел ги понижиа гостинките со резулат 34-20.  По мечот на стандардната прес-конференција шефот на стручниот штаб на црвено-црните Кастратовиќ за мечот рече:

Сакам да им честитам  на Ларвик, но пред се сакам да им честитам на моите девојки. Одигравме перфектно, онака како што се договоривме пред мечот. Уште на прес-конференцијата пред мечот напоменав дека со цврста одбрана можеме да ги добиеме. Лејно беше одлична на голот и таа ја направи оваа разлика. Исто така сакам да им се заблагодарам на публиката која дојде вечерва и мислам дека уживаа во натпреварот кој им го приредивме. Многу ретко во Л.Ш може некоја екипа да победи со 14 гола предност. Големо браво за моите девојки, но сепак ќе напоменам дека ова беше само “прво полувреме“ од двомечот. Нема опуштање, до крај мораме да го сработиме овој двомеч и полека да се подготвуваме за Ф-4.  -Изјави Кастратовиќ.

Од ракометарките на црвено-црните на оваа прес-конференција присуствуваше денес одличната Барбара Лазовиќ, таа за оваа голема победа го изјави следното:

Добро го отворивме мечот. Изминатиот период го анализиравме секој нивни детал од играта и го откривавме нивните слабости. Малку попуштивме во финишот на првиот дел, сепак во вториот дел ја вратиме добрата игра од почетокот. Овие 14 гола предност не мора ништо да значат, не треба да се опуштаме и да помислуваме дека се е готово. Мораме во исто темпо да одиграме и во реваншот и да победиме.  -Изјави Лазовиќ.