Вчера на програмата беа мечевите во ракометната вардарова “Јуниор“ лига која се играше во малата сала при С.Ц “Јане Сандански“. Во мечот во женска конкуренција за рекометарки родени 1998/1999 се сретнаа Академија-1 и Академија-2. Поуспешен тим беше екипата на Академија-2 која однесе победа со 21-8. Исто така и кај момчињата родени 1998/99 се сретнаа екипите на Академија-1 и Академија-2. И овде поуспешна беше екипата на Академија-2 со тесен резулат 32-30. Од овие два меча може да погледнете фотогалерии на нашиот сајт, Вардар фанс. За девојките може да погледнете фотографии ТУКА, а за момчињата најитересните моменти моменти може да ги погледнете - ТУКА.
Девојките родени 1998/99 одиграа меч во кој целосно доминираше екипата на Академија-2, во текот на двете полувремиња и во сите аспекти на ракометната игра. Тие почнаа динамично уште во првиот дел одиграа цврста одбрана одбраниа пет напада, а од исто толку постигнаа четири погодоци за 4-0 на стартот. Академија-1 во следните 2-3 минути првпат одигра период во кој беа поуспешни, примиа еден гол, а погодија двапати што беше единствено светло во нивната игра во првиот дел. Академија-2 веднаш тргна во офанзива, заигра подобро во одбраната и направи нова серија 4-0 за највисоки плус седум, 9-2. До крајот на првиот период се играше гол за гол и на одмор се замина со резулат 11-4. Академија-2 го почна вториот дел како што го почна и првиот со серија 3-0 и отиде на двоцифрена преднос 14-4. Академија-1 успеа конечно да даде почесен погодок во вториот дел, но за нивна жал следеше серија 3-0 во нивната мрежа, за предност 17-5 за девојките од Академија-2. До крајот се беше формалност победникот познат, Академија-1 воопшто немаше шанси, но и желба за нешто повеќе. Мечот заврши со резулат 21-8. Величковска и Јованчевска во победничкиот табор беа најефикасни со по 4 гола, а кај Академија-1 најефикасна Зарковска.
Момчињата одиграа еден навистина динамичен, интересен, ефикасне и возбудлив меч. Во истиот имаше постигнато дури 62 погодока, а резулатот беше изедначуван многу често. Академија-1 поведе прва со 0-1 на овој дуел. По само неколку минути резулатот беше 3-3. По овој момент Академија-2 направи серија 3-0 и првпат се одлепи на плус три на дуелот. Следеше игра во продолжение гол за гол на двете страни и предноста од три гола за Академија-2 остана се резултатот 12-9. Клупата на Академија-1 повика тајм-аут по кој до крајот на полувремето одиграа подобро и заминаа со минимална негатива 16-15. Вториот дел почна со по пет погодоци во двете мрежи, предноста остана еден гол до резулатот 21-20. Тука на сцена стапи Академија-2 со серија 4-1 и првпат на мечот отидоа на плус четири. Оваа предност ја задржаа во наредните десет минути на исто ниво. Во последните минути Академија-1 прави серија од 2-5 и успева да го ублажи поразот на 32-30. Најефикасни кај победникот беа Стојчевски со 8 гола, а кај поразените Насковски со 5 гола.