Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Анжела Платон: За децата “Јуниор Лигата“ е можност, да ги докажат своите квалитети, да го почувствуваат поразот или победата со својата екипа , а најважно е да се дружат
Анжела Платон: За децата “Јуниор Лигата“ е можност, да ги докажат своите квалитети, да го почувствуваат поразот или победата со својата екипа , а најважно е да се дружат

Анжела Платон: За децата “Јуниор Лигата“ е можност, да ги докажат своите квалитети, да го почувствуваат поразот или победата со својата екипа , а најважно е да се дружат

Најновиот проект на ракометниот клуб Вардар “Јуниор“ лигата продолжува успешно да се реализира и изведува. Најголемиот спортски бренд во Македонија, успеа да дојде до идеја за обединување на сите деца од различни возрасни генерации кај кои постои желбата да играат ракомет и во иднина да продолжат да се занимаваат со овој спорт. Повеќе од 20 ракометни школи низ целава држава, земаа учество во овој проект на РК Вардар, кој се покажа како многу успешен уште во првата година на постоењето. Ние како медиум кој паралелно ги прати случувањата во лигата и известува за истите, имавме можност да поразговараме со поранешниот играч на Кометал Ѓорче Петров и репрезентативка на Македонија, Анжела Платон сегашен тренер во младинските категории на ракометниот клуб Вардар. Платон има оставено голем “белег“ во Македонскиот ракомет. Во сезоната 2000/01 год. успеа со Кометал да ја освои европската круна и на два пати да стане европски вицешампион со истава екипа. Зад нејзиното име има забележано и многу настапи за Македонската ракометна репрезентација. Платон ќе не запознае со тоа како дошло до идеја да се организира Јуниор лига, за впечатоците од истата, како децата реагираат на оваа лига и за нејзината школа која е дел од овој проект на ракометниот клуб Вардар.

- Во последните години, машката и женската екипа на РК Вардар покажуваат голем успех во настапите во Лигата на Шампиони. Со самото тоа интересот кај децата да тренираат ракомет од најмалите возрасти е се поголем. Минатата година започна со работа Академија Вардар, во која учество земаа 24 регионални единици, кои бројат повеќе од 1700 деца. Имајќи го тоа во предвид, само по себе се постави прашањето, како на сите овие деца ќе им се овозможи да си ги покажат своите таленти, од една страна , а од друга страна ракометните школи да останат отворени и посетувани од сите деца, сакајќи физичката и тимската едукација и култура на живеење, да ги поставиме како примарна цел, достапна за секое дете. Во таа насока се реализира идејата за “Вардар Јуниор Лига“.

Анжела ни го потенцираше значењето на лигата за децата кои секој викенд ги чекаат со нетрпение натпреварите, со цел што повеќе да се докажат и остават впечаток кај ракометните тренери и познавачи на овој спорт.

-За децата “Јуниор Лигата“ е можност, да се докажат со своите квалитети, да го почувствуваат поразот или победата со својата екипа , а најважно од се да се дружат, да стекнуваат нови познанства и пријателства, и така да учат за етиката и естетиката на самиот спорт. Од друга страна секое дете во “Вардар Јуниор Лигата“ има амбиција, а тоа е да биде на крајот на годината селектирано во некоја од младинските екипи на РК Вардар.

Дел од Јуниор лигата е школата Ново Лисиче, предводена од тренерите Анжела Платон, Марија Аврамовска и Лина Треноска.

-Во “Јуниор Лигата“ учество има и нашето Ракометно Школо Ново Лисиче – Вардар. Како Школо, учествуваме со три екипи, генерациски поделени, 2002-03, 2004-05 и 2000-2001. Секако иницијалната каписла да влеземе во лигата, е ерупцијата на задоволство кај нашите девојки, кои уште на првиот тренинг во Септември, во новата сезона, па се до почетокот на лигата, едвај дочекаа да излезат на терен и да ја одиграат првата утакмица. Секако првите утакмици беа полни со страв, со несигурност, преголема желба , кое секогаш носи до многу грешки, но како изминува времето кај сите генерации се чуствува поголема сигурност, одважност, како и играчко искуство, за кое полека ја откриваат важноста за редовност и максимална посветеност на тренинзите, изјави Анжела Платон за нашиот сајт.

Звонко Ивановски