Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Букурешт стана шампион на Романија, пред мечот со ЖРК Вардар на Ф-4
Букурешт стана шампион на Романија, пред мечот со ЖРК Вардар на Ф-4

Букурешт стана шампион на Романија, пред мечот со ЖРК Вардар на Ф-4

Кај нас само што почна походот на вардарки  за титулата во домашната лига во која сме единствен фаворит, а пак нашиот противник во Ф-4 романски ЦСМ Букурешт вчера веќе ја обезбеди домашната круна. Тие во дуелот со нас ќе влезат како старо-нови шампиони во најквалитетната женска романска конкуренција.

Тие остварија  победа во дуелот со тимот на Клуж 33:19 (16:8) тие бодови  беа доволни за  освојување на романскиот шампионскот. Нашите  ривалки до крајот на сезонава  имаат уште еден дуел со тимот на   Баја Маре овој  петок, но истиот е  “ревиален“ бидејќи веќе се круниса со златното одличје нашите противнички. Фајнлфор турнирот ќе започне на седми мај, оваа титула  е само една позитивна стимулација за Букурешт и нивна додатна сигурност. Бидејќи  оваа сезона црвено-црните избранички на Кастратовиќ и Камара  во т.н главната рунда на ЕХФ Лигата на шампионите одиграа  двата мечеви со нив , во кои ЖРК Вардар беше поуспешен колектив нанесувајќим два пораза на романскиот старо-нов женски ракометен шампион.