Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Бронзен медал и трето место за Вардарки на завршниот турнир во Будимпешта
Бронзен медал и трето место за Вардарки на завршниот турнир во Будимпешта

Бронзен медал и трето место за Вардарки на завршниот турнир во Будимпешта

Екипата на ЖРК Вардар трета година по ред го освојува бронзениот медал на завршните турнири во лигата на шампиони. Сосема поинакво издание за нашите девојки на денешниот меч со екипата на Будуќност и многу подобра игра ,за разлика од полуфиналето со тимот на ЦСМ Букурешт.

Мечот започна со одбана на Лејно, а ние отвараме со погодок на Пенезиќ. Во следниот напад Будуќност го израмнува резултатот на 1:1, по што ние правиме серија од пет четири последователни гола за водтство од 5:1. Лејно одлично започна на голот и по 7 минути игра имаше 6 успешни интервенции. По тајмаутот на Драган Аџиќ, Раичевиќ ја прекинува нашата серија и намалува на 5:2. Во 12 минута од мечот Вардарки имаа предност од 7:3, со погодокот на Алтхаус. но противникот во следните четири минути успева по втор пат да го израмни резултатот на 8:8. Со два едноподруго гола на Радичевиќ од контра-напад, повторно го враќаме водството од 10:8.  Лејно продолжи со добро издание на голот на Вардар, бележејќи ја веќе 8 одбрана. Следиме ново израмнување на натпреварот 11:11, со погодокот на Петровиќ. Сепак до крајот на првото полувреме, Будуќност успева со серија од 0:3 да замине на полувреме со предност од 14:16.

Црвено-црните одлично го започнаа вториот дел и ја вараќаме серијата на Будуќност, за ново наше водство од 17:16. Лејно ја забележа својата 11 одбрана, додека Пенезиќ постигна два од трите гола на стартот на второто полувреме. Булатовиќ откако ја немаше цело прво полувреме, во овој дел од играта како да се разигра па со нејзините три последователни гола, противникот поведува со највисоки 17:20. Вардарки никако не се предаваа, денес гледавме многу подобра игра од вчерашното полуфинале со Букурешт. При водство на Будуќност од 19:22, правиме нова серија и со головите на Ихнева и Човиќ го израмнуваме резултатот на 22:22. Во следните пет минути се играше гол за гол на двете страни, во псоелдните осум минути влеговме со нерешени 24:24. Хмирова носи нова предност за својот тим, на пет минути пред крајот на натпреварот. Лазовиќ со својот четврти погодок и тоа сите во второто полувреме, поведуваме со 29:27. До крајот успеваме да ги задржиме овие два гола и да славиме со резултат 30:28.

Пенезиќ беше најефикасна со 7 погодоци, додека Радичевиќ постигна 6 гола. Трета година по ред, ЖРК Вардар го освојува бронзениот медал на завршните турнири на најдобрите четири екипи во Европа.