Wednesday ,27 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лекиќ на операција во Финска
Лекиќ на операција во Финска

Лекиќ на операција во Финска

Андреа Лекиќ ќе мора да оди на операција на тетивата. Лекиќ се повреди на натпреварот од 1/2 финалето од Лигата на шампионките против Букурешт. Поради оваа повреда средниот бек на ЖРК Вардар го пропушти и натпреварот за третото место, во кое нашите девојки издвојуваа победи и го освоија повторно третото место во Европа.

Операцијата на Лекиќ ќе биде во вторник, во државата Финска, во клиниката „Хоспитал Нео“ во Турку. Ова значи дека сезона за Лекиќ е завршена и ја очекуваме уште по добра во наредната сезона.
Докторот на ЖРК Вардар Зоран Ханџиски за официјалната страна на клубот го изјави следното:

  „Андреа веќе некое време има проблем со тетивата на десната нога и затоа со заеднички договор и консултации решивме дека ова е најпогоден момент да се реши тој проблем. Таа в понеделник ќе пристигне во Финска, а во вторник ќе биде оперирана од еден од најдобрите европски специјалисти за тетиви. Потоа ќе се врати и ќе го почнеме потребниот процес на рехабилитација. Се надеваме дека до почетокот на идната сезона таа ќе дојде до потполна тренажна форма“, изјави доктор Зоран Ханџиски.