Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Анастасија Тодоровска: Се обидуваме да останеме смирени и сконцентрирани и да мислиме само на нашата игра, бидејќи само таа може да не доведе до триумф
Анастасија Тодоровска: Се обидуваме да останеме смирени и сконцентрирани и да мислиме само на нашата игра, бидејќи само таа може да не доведе до триумф

Анастасија Тодоровска: Се обидуваме да останеме смирени и сконцентрирани и да мислиме само на нашата игра, бидејќи само таа може да не доведе до триумф

Утре со почеток од 19 и 30 часот во спорската сала во населбата автокоманда ќе се одигра дерби натпреварот од плејофото во женската младинска лига, помеѓу екипите на Металург и Вардар. Овој и последниот кој треба да биде одигран на Кале, ќе го даде и новиот шампион на Македонија во младинската лига. Двете екипи ги делат првите две места, со идентичен број на освоени бодови, или вкупно 18. Во пресрет на овој дуел, за нашиот сајт свое видување и очекувањата од истиот ги сподели десното крило на Вардарки, Анастасија Тодоровска која ќе биде голема опасност за противничкиот тим.

-До крајот на сезоната не делат само две недели, можеби ова звучи дека крајот е сосем блиску, но работите за нас не се баш така како што изгледаат, бидејќи не чека уште доста напорна работа и многу сили за да ги оствариме нашите цели и да ја затвориме оваа сезона успешно. Сите со нетрпение го очекуваме натпреварот против Металург кој треба да се одигра утре на гостински терен. Сите ние сме свесни за тежината на овој натпревар, за кој се подготвуваме целосно и се надевам дека во Автокоманда ќе ги покажеме сите наши квалитети како екипа за да ја извојуваме победата. Ние како екипа не смееме да дозволиме да го потцениме нашиот противник бидејќи секоја од екипите која се наоѓа во завршната фаза на младинската лига имаат свои квалитети.

Нашите младинки имаа долго време да се подготват за овој меч и да работат на недостатоците во екипата. Вардар и Металург во регуларниот дел од сезоната одиграа два натпревари и по една победа им припадна на двете екипи.

-Секојдневните тренинзи се фокусирани на подобрување на нашата игра и доусовршување на нападот и одбраната. Гостинскиот терен ни е доволна мотивација,а Металург како екипа ние добро ја познаваме затоа не дозволуваме да не надвладее еуфоријата за овој натпревар. Се обидуваме да останеме смирени и сконцентрирани и да мислиме само на нашата игра, бидејќи само таа може да не доведе до триумф. Нашиот тим е целосно мотивиран и секој од над работи на своите недостатоци и се вклучува максимално во секоја задача која ни е дадена од нашиот тренер. На нас останува да работиме напорно до крајот на оваа сезона и гордо да го земеме она што ќе го заслужиме, изјави Анастасија Тодоровска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски