Избраничките на Кастратовиќ и Камара во последниот лигашки дуел го победија Металург со 34:28. По завршување на овој меч тие од одговорните луѓе во ракометата федерација на земјава го добија шампионскиот пехар. Прва го прими капитенката на црвено-црниот женски ракометен колектив Ина Суслина, а потоа следеше прославата за истиот со останатите колешки од тимот. Вардарки супериорно ја освоија домашната лига како и Купот на Република Македонија во женска ракометна конкуренција со што и оваа година ја завршија со “двојна круна“ .