Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерација за паметење, младите надежи родени “2004“ година имаа незаборавна сезона
Генерација за паметење, младите надежи родени “2004“ година имаа незаборавна сезона

Генерација за паметење, младите надежи родени “2004“ година имаа незаборавна сезона

Вардаровата генерација родени “2004“ година имаа сезона за незаборав, откако успеа да освојат прво и трето место во детската лига. Избраниците на Филип Арсовски се натпреваруваа со две екипи, кои завршија на првото место во своите групи во регуларниот дел од сезоната. Истите се најдоа и на завршниот турнир, каде направија голем успех. Несомнемо генерација за паметење, а малку недостауваше двете екипи да играат во големото финале на детската лига. На крајот Вардар (2) го освои првото место, додека Вардар (1) заврши како третопласиран. Нашите млади надежи успеаа да освојат и силен меѓународен турнир во Бугарија, откако ги победија најдобрите Бугарски екипи, Левски и ЦСКА од Софија. Ќе направиме комплетен преглед на остварените резултати на двете екипи во детската лига, како и на двата турнири во Бугарија.

Започнуваме со Вардар (1) кој во пролетниот дел оствари десет победи ( се земаат во предвид и завршните натпревари), два порази и еден нерешен резултат. Ако се додадат осумте победи во есенскиот дел, тоа се вкупно 18 победи за оваа екипа во натпреварувачката сезона 2015/16 во детската лига. 141 постигнат гол за цела сезона. Секако повеќе погодоци во текот на пролетниот дел (77) и оние (64) во текот на есенскиот дел. Примивме само 15 голови за цела натпреварувачка сезона. Ви ги презентираме сите резултати од пролетниот дел:

-Вардар – Работнички  9:1

-Вардар – Милано  6:0

-Вардар – Гоблен  9:1

-Вардар – Нова Колонија  6:0

-Вардар- Албарса  3:4

-Вардар- Ново Лисиче  12:0

-Вардар – ЊУ Старс  9:0

-Вардар- Албион  1:1

Во елиминациските натпревари за пласман во четвртфиналната рунда остваривме две убедливи победи:

Вардар – Шкупи  3:0

Вардар – Албион  6:0

Брегалница беше посреќна во пенал-рулетот и ни ја одзема можноста да играме во големото финале. Сепак во борбата за третото место го потврдивме својот квалитет и на крајот се закитивме со бронзениот медал, што е исто така голем успех.

1/4 Вардар – Велешта  5:2

1/2 Вардар – Брегалница  0:0  ( пенали  3:4)

Трето место: Вардар – Дарданети  8:0

Момчињата од ФК Вардар (2) се надминаа себеси и успеаа на спектакуларен начин да го освојат првото место во детската лига. Вкупно 20 победи за цела сезона од кои (8) се во есенскиот дел и (12) во пролетниот дел на лигата. Форца беше единствената екипа која успеа да ни одземе бодови и тоа еднаш со победа и нерешен резултат. Беа постигнати 111 голови во противничките мрежи, а примивме 17 погодоци. Сите резултати на оваа екипа во пролетниот дел:

-Вардар- Шкупи  2:1

-Вардар – Драчево  5:0

-Вардар – Викторија  7:1

-Вардар – Спорт Ефе  4:0

-Вардар – Кул  9:1

-Вардар – Еуроспорт   14:0

-Вардар – Куманово  5:1

-Вардар – Форца  0:1

Во елиминациската рунда со две победи обезбедивме пласман во четвртфиналето:

Вардар – Албион  3:0

Вардар – Бешикташ   3:1

Академија Пандев беше можеби најтешката пречка во последните три натпревари од сезоната. Дури по изведување на удари од белата точка успеавме да победиме, иако можевме и во регуларниот дел да ја завршиме работата. Во големото финале го “одмаздивме“ братскиот Вардар и заслужено го подигнавме трофејот. Васко Василев е најдобар голман, додека Георг Стојановски е прогласен за најдобар стрелец.

1/4 Вардар – А. Пандев  1:1  ( пенали  5:4)

1/2 Вардар – Дарданети  2:0

ФИНАЛЕ: Вардар – Брегалница   3:1

ТУКА можете да ги погледнете остварените резултати во есенскиот дел од сезоната. Секако паралелно настапувавме во Јуниор лигата, каде исто така забележавме голем број на победи.

Голем успех за оваа генерација и на силниот турнир “Балканика куп“ во градот Сандански (Бугарија). Со победи против најсилните Бугарски екипи и едни од најдобрите на Балканот, нашите млади надежи ја покорија Бугарија и се вратија со освоено прво место. Георг Стојановски беше најдобар стрелец, додека Стефан Тасев ја понесе наградата за најдобар стрелец.

Вардар – Престиж Кариана  4:1

Вардар – Орлетата  10:0

Вардар – Топ Тим  4:0

Вардар – Цска Софија  1:3

1/2 Вардар – Левски Софија  3:0

ФИНАЛЕ: Вардар – ЦСКА Софија  1:0

“Евима куп“ беше вториот турнир на кој настапивме кој се одигра во Банско (Бугарија). Таму завршивме како четвртопласирани, но само поради послаба гол разлика не игравме во полуфиналето. Со две победи и два нерешени резултати го завршивме овој турнир.

Вардар- Карнобат  7:0

Вардар – Полетерац  1:1

Вардар – Раднички  2:0

Вардар – Прециз Монтана  1:1

Вардаровата генерација, фудбалери родени “2004“ го освоија првото место во својата категорија и на младинскиот меѓународен турнир “фер плеј куп’ ,кој се играше во Охрид. Со вкупно шест победи и само еден пораз, избраниците на Филип Арсовски се вратија во Скопје со освоено прво место. За да биде успехот поголем, тројца играчи од Вардар ги освоија поединечните награди за најдобар голман, стрелец и играч. Стефан Тасев беше прогласен за најдобар чувар на мрежата на овој турнир, кој прими само три погодоци. Сандро Каровски беше заслужено избран за најдобар играч, а неговиот соиграч Георг Стојановски ја понесе наградата за најдобар стрелец на турнирот.

Остварените резултати ги прави ГЕНЕРАЦИЈА “2004“ да бидат најдоброто од Вардар за натпреварувачката сезона 2015/16.