Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Петар Гугуљанов: “Јуниор“ лигата има големо значење за сите деца, која ни дава поттик се повеќе да напредуваме
Петар Гугуљанов: “Јуниор“ лигата има големо значење за сите деца, која ни дава поттик се повеќе да напредуваме

Петар Гугуљанов: “Јуниор“ лигата има големо значење за сите деца, која ни дава поттик се повеќе да напредуваме

Најновиот проект на фудбалскиот клуб Вардар “Јуниор“ лигата успешно се реализираше и финишираше во првата година на најезиното функционирање. Дел од лигата беа 11 фудбалски школи од земјавата, а овој број се очекува драстично да се зголеми за следната натпреварувачка сезона. Успешната работа на лицата во Вардар кои се задолжени оваа лига да функционира беспрекорно даде резултати уште во првата сезона. Веќе осум играчи од другите градови се приклучија во младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар. Меѓу нив е и Петар Гугуљанов, кој ја засили генерацијата родени “2002“ година. Во следниов текст ќе ве запознаеме со ова младо момче, кој со своите игри во дресот на Вардар многу ветува и се очекува да биде предводник во играта на црвено-црните во наредниот период.

-Фудбалот беше моја прва желба. Гледајќи како големите ѕвезди играат и уживаат во овој спорт ме инспирираа еден ден и јас да играм и да уживам во играта на фудбалот. Моите први почетоци беа во Валандово под водство на Гордана Кочева на која и сум многу благодарен, исто така сум благодарен и на Зоран Јовановиќ, Трајче Боев и Сашко Бајлозов. Фудбалската игра ја гледам тешка, иако таа од страна изгледа многу лесна. Имам посебна визија еден ден да постанам врвен спортист.

Гугуљанов беше стартер во составот предводен од тренерот Петар Ѓорѓиевски. Игра на средината на теренот, речиси секоја акција започнува од него. Играч кој многу работи на теренот и кој има голем потенцијал и осет за фудбалската игра.

-Преминав во Вардаровата генерација “2002“ така што бев на кампот што се одржа во Дојран, каде што можевме да ги прикажеме нашите квалитети. Таму многу добро се покажав и тоа донесе многу добри резултати. Бев препознаен од тренерот Ѓорѓиевски и скаутите на Вардар како квалитетен играч, по што добив можност да го носам црвено-црниот дрес. За “Јуниор“ лигата мислам дека е многу позитивна работа за сите деца во цела Македонија. За нас децата ова лига има големо значање и ни е поттик се повеќе и повеќе да се трудиме и да напредуваме. Добра е идејата на ФК Вардар да ги обедини сите фудбалски школи низ цела Македонија во една лига, каде истите ќе се натпреваруваат во различни возрасни генерации. Овој голем проект веќе почна да ги дава и првите резултати, неколку деца меѓу нив и јас преминаа да играат за Вардар.

Вардар е синоним за голем клуб и желба на секое дете да ги брани црвено-црните бои.

-За мене доаѓањето во овој клуб значи голем успех, а името Вардар кога ке го слушнам првото нешто што ми паѓа на памет е врвот на спортот во Македонија и пошироко. Во иднина ќе бидам фокусиран на моите настапи за Вардар.

Сезоната во детската лига, генерацијата “2002“ ја заврѓши на второто место, откако во големото финале на завршниот турнир беа поразени од тимот на Академија Пнадев.

-Јас сум задоволен од нашиот успех и од нашите резултати но сепак спетам дека можевме и повеќе од второ место, тоа го прикажувавме низ целата сезона, но сепак во финалето не ги прикажавме нашите квалитети со тоа што и не го освоивме првото место, изјави Петар Гугуљанов за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски