Вардарки во својата прва сезона на играње во лигата на шампионите беа најблиску до пласман во големото финале. По преземемањето на клубот од страна на Сергеј Самсоненко, екипата уште во првата сезона имаше високи амбиции. Дојдоа играчи како Суслина, Лејно, Лекиќ, Радичевиќ, Џокиќ, Пино, Зебиќ и други. Започнавме од квалификациски турнир, на кој немавме поголеми проблеми да го освоиме првото место. Решавачкиот натпревар беше против Флери, кој го добивме убедливо.
Како дебитанти во најголемото ракометно натпреварување успеавме да стигнеме до првото место во групната фаза. Најголем резултат беше оној во Норвешка кога успеавме да го победиме големиот Ларвик. претходно во Скопје, одигравме со нерешен резултат со овој противник. Во главната рунда имавме само еден единствен пораз и тоа оној во Данска, од екипата на Митјиланд.
Во полуфиналето се сретнавме со Будуќност, натпревар кој го загубивме дури по одигрувањето на две продолженија, откако мечот во регуларниот дел заврши со нерешен резултат. На овој меч имаше мал број на постигнати голови, а по првото полувреме Црнагорките имаа предност од 6:11. Вториот дел беше многу подобар за избраничките на Индира Кастратовиќ кои како да се ослободија од притисокот, заиграа на едно повисоко ниво. Ваквиот пристап во играта не донесе до можност да го израмниме резултатот на 16:16 на три минути пред крајот на дуелот. Вардарки имаа дури и напад за погодок и триумф, кој ќе значеше и пласман во големото финале, но не успеаме да го искористиме. По првото продолжение Будуќност се одлепи на три гола разлика, резултат 17:20, кој беше актуелен во овој период од играта. Сепак во вторите 5 минути, црвено-црните повторно успеваат да израмнат на 20:20, но последните два гола на овој натпревар им припаднаа на Будуќност, за конечен резултат од 20:22.
Амандин Лејно тогаш беше одлична на голот, завршувајќи го натпреварот со 16 одбрани и една од најзаслужните за големото враќање на Вардар. Најефикасни беа Лекиќ и Пино, со по 6 постигнати голови.
Видео од од првото полуфинале на Вардарки, на кое беа многу блсику до пласман во големото финале на лигата на шампиони.