Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Љупка Белмезова: Јас и моите колешки ветуваме одлично дерби, и секако победа.

Љупка Белмезова: Јас и моите колешки ветуваме одлично дерби, и секако победа.

Викендов кој предстои, вториот дел од сезоната во супер-лигата го започнува и втората екипа на Жрк Вардар. Овој состав предводен од тренерот Симе Симовски во сабота во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 16.45 ќе се спротистави на екипата на Металург.

Припремниот период го искористија за одигрување на пријателски натпревари, за подготвени да го дочекаат стартот на втората фаза од првенството.

-Зимските подготовки течеа одлично, одигравме повеќе пријателски и контролни средби со екипи од странство од кои во повеќето бевме поуспешни. Јас се чувствувам одлично и сум максимално подготвена. Екипата е спремна и немаме повреди, што укажува на наше максимално залагање, и секако вредната работа на нашите тренери кои во овој припремен период упорно работеа со нас, и беа фокусирани повеќе на одбраната.

Кој ќе излезе како победник на овој меч, има големи шанси на крајот да заврши на второто место на табелата. Од тука е и големото значење на натпреварот.

-Првиот напревар го играме со Металург, екипа која игра одлично и е посебно мотивирана кога игра натпревари против нас. Овој натпревар е посебно важен за нас на почетокот на вториот дел од првенството бидејки, ако триумфираме на овој дуел дефинитивно ја освојуваме втората позиција на табелата, и поради тоа јас и моите колешки ќе направиме се за да успееме во тоа.

Знаеме дека поради кризата во која се наоѓа Металург е ослабен во овој дел од првенството, но ако го потцениме тоа може да биде наша фатална грешка и мора максимално внимателно да му пристапиме на овој меч, за кој очекувам дека ќе биде неизвесен. Јас и моите колешки ветуваме одлично дерби во Јане Сандански и секако победа. Со срце за ВАРДАР, ни изјави нивниот голман Љупка Белмезова за нашиот сајт.

Звонко Ивановски