Продолжуваат настапите на пионерската екипа во вториот дел од сезоната. Вечерва одиграа натпревар против екипата на Металург, во Автокоманда. Мечот заврши со резултат 21:15 во корист на Металург.
-Во овој меч влеговме многу мотивирани, борбено со срце. Јас како капитен сум многу горда на моите девојки, бидејќи игравме борбено и оставивме срце на терен. Одбраната беше клучна за овој натпревар. Нападот ни беше малку послаб, но сепак сме задоволни како го одигравме мечот. Секако благодарност и до нашите тренери.
Ова е втор пораз за оваа генерација во сезоната, со надеж дека на следните дуели ќе забележуваат само победи.
-Овој пораз ни дава мотивација да играме уште подобро, и поборбено. Во следните натпревари очекуваме победи.
Најефикасни во редовите на Вардар беа Ива Цветковска со 5, и Бојана Диневска со 4 постигнати голови.
Звонко Ивановски