Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Црна Гора ја победи Русија, Радичевиќ постигна шест гола
Црна Гора ја победи Русија, Радичевиќ постигна шест гола

Црна Гора ја победи Русија, Радичевиќ постигна шест гола

Репрезентацијата на Црна Гора со победа го стартуваше  турнирот во Холандија (Ајдховен), како подготовка за она што ги очекува на олимписките игри во Рио. Избраничките на Драган Аџиќ во еден неизвесен натпревар на крајот беа подобри од селекцијата на Русија, забележувајќи минимален триумф. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 27:26. На полувреме Русинките пак имаа минимална предност од 12:13.

Русија многу подобро го започна натпреварот и во почетните минути имаше водство од 2:7, на кое Црна Гора одговори со серија од 6:1 за прво израмнување на натпреварот од 8:8. Мора да се напомене дека избраничките на Трефилов имаа константно водство се до 50 минута, кога Црна Гора со нова серија успева по подолго време да има водство од 22:21. Во последните десет минути се влезе во игра гол за гол на двете страни, во кој подобро се снајдоа црнагорките.

Во составот на Црна Гора на овој меч беа двете ракометарки од Вардар. Јованка Радичевиќ постигна 6 гола, исто колу Булатовиќ и Петровиќ. Андреа Кликовац која најчесто игра во одбраната успеа да постигне еден гол. Ова се последните подготовки за оваа селекција пред натпреварите во Рио. Веќе денес следи нов натпревар, против репрезентацијата на Шведска, додека утре е последниот ден на турнирот, на кој ќе се сретна селекциите на Црна Гора и Холандија.Црна Гора ја победи Русија