Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Нова победа за Радичевиќ и Кликовац со Црна Гора, пред олимписките игри во Рио
Нова победа за Радичевиќ и Кликовац со Црна Гора, пред олимписките игри во Рио

Нова победа за Радичевиќ и Кликовац со Црна Гора, пред олимписките игри во Рио

Репрезентацијата на Црна Гора во чиј состав се наоѓаат Радичевиќ и Кликовац ја забележаа втората победа на турнирот во Холандија (Ајндховен). Избраничките на Драган Аџиќ во еден интересен и квалитетен натпревар беа подобри од селекцијата на Шведска. Конечниот резултат гласеше 29:27 за селекцијата на Црна Гора.

Слично како и на натпреврот со Русија и на овој противникот во најголем дел од натпреварот имаше водство, но кога беше најпотребно црнагорките го подигнаа нивото на игра. Првите десет минути поминаа израмнето се до резултат 5:5, кога Шведска со серија од три последователни гола успеа за прв пат да се одалечи на 8:5. Во овој дел од мечот, Шведска беше многу поквалитетна на теренот, добрата одбрана им носеше резултат па со нова серија успеваат да стигнат и до највисоки 15:9. До крајот на првиот дел, Црна Гора успева да ја намали негативата на четири гола 16:12.

Вече во второто полувреме гледавме поинакво издание на онаа “вистинската“ Црна Гора. Во 40 минута веќе Шведска немаше предност, односно резултатот беше израмнет на 17:17, со што избраничките на Аџиќ комплетно се вратија во мечот. Последната предност Швеѓанките ја имаа во 43 минута и од тие моменти се сврте натпреварот во корист на Црна Гора. Како изминуваа минутите, нивното водство стануваше се поголемо, кое достигна и дои пет голови разлика. Крајот на мечот рутински го приведоа, за втора победа на овој турнир, што е подготовка за олимпските игри во Рио.

Радичевиќ учествуваше со два гола во триумфот на својата репрезентација, додека Кликовац постигна еден. Денес е натпреаврот за првото место на турнирот, со домашната селекција на Холандија.