Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Избегната трагедија при слетувањето во Љубљана на Жрк Вардар-Радичевиќ : Мислевме дека е крај !
Избегната трагедија при слетувањето во Љубљана на Жрк Вардар-Радичевиќ : Мислевме дека е крај !

Избегната трагедија при слетувањето во Љубљана на Жрк Вардар-Радичевиќ : Мислевме дека е крај !

Временските неприлики во Словенија и силниот ветер на Аеродромот во Словенската престолнина создадоа голем проблем при слетувањето на авионот со кој патуваа на гостувањето од Лигата на Шампионите девојките  Жрк Вардар во Љубљана .

Како што известува црнагорскиот сајт http://www.vijesti.me вистинска драма било слетувањето во Словенија .  Сето тоа нивната репрезенативка и член на Црвено-Црните девојки на Индира Кастратовиќ десното крило Јованка Радичевиќ го опишува вака :

Хаос беше . Авионот тргна со своето слетување и почна да се лула . Во првиот момент мислевме дека се турбуленции , така изгледаше но ветерот беше се посилен и посилен .Авионот пропаѓаше се повеќе и повеќе ја видовме пистата и градот вриштевме повеќето и одеднаш се авионот се дигна . Јованка вели меѓудругото за црногорскиот медиум “vijesti“ дека и самата стјуардеса била целосно избезумена во оваа ситуација . Пилотот кој го управувал авионот  по цели 15 минути им се обратил дека биле под силен ветер и дека ќе ја смени рутата на пристап. Јованка вели и дека минале вистински маки со ова слетување и дека мислела дека дошол крајот на се , така се осеќале сите во авионот .

Сепак се мина во најдобар ред денес од девојките кај ослабнатиот Крим очекуваме победа која ќе не однесе чекор напред . Воедно им посакуваме пријател лет кон Скопје на девојките на Индира Кастратовиќ .