Веќе ја имавме првата контролна средба во новата сезона која ја решивме во наша корист победувајќи го тимот на Горење со 27-26 (13-15) . Овој дуел беше дел од летните подготовки што ги имаме во Словенија. Со истиот тим утре повторно играме контролка, втора во новата сезона. Од првиот меч може фотогалерија да погледнете ОВДЕ.
Двомечот со словенечкиот вицепрвак ќе ни беше можност да се увиди како новите играчи во се вклопуваат во тимот од страна на тренерот Раул Гонзалес. На двомечот и во двата тима ќе недостасуваа играчите што се на Олимпијадата во Рио, во црвено-црниот табор тоа се хрватските интернационалци Игор Карачиќ и Лука Циндриќ. Мечот се игра утре, среда во 19часот и 30минута во салата “Рдечо“, каде повторно вардарци ќе искочат на мегдан со Брумен и Тоскиќ нивните довчерашните колеги кои оставија силен впечаток во скопскиот црвено-црн шампион во изминатите години кога настапуваа за нас. По крајот на подготовките во Крањска Гора, тимот заминува на силен турнир во Белорусија.