Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Двомеч со Ларвик во септември во Скопје, како подготовка на ЖРК Вардар за Л.Ш
Двомеч со Ларвик во септември во Скопје, како подготовка на ЖРК Вардар за Л.Ш

Двомеч со Ларвик во септември во Скопје, како подготовка на ЖРК Вардар за Л.Ш

На почетокот на идниот месец, септември норвешкиот шампион екипата на  Ларвик ќе му биде спаринг партнер на женскиот црвено-црн ракометен колектив. Во Скопје и двете екипи ќе одиграат и два контролки . Според меѓусебниот договорот на двата клуба  предвидените мечевите  ќе се одиграат на 3 и 4 септември во спорскиот центар “Јане Сандански“, дополнително ќе бидат договорени саатниците на одигрување на натпреварите.

Се очекува  двата тима ќе бидат во комплетен состав бидејќи  сите интернационалци кои сега настапуваат на олимпијадата во Рио-2016 ќе завршат со обврски кон својте селекции. Гостинките претходно  ќе имаат и неколкудневни тренинзи во Скопје.  Целта е ЖРК Вардар  да одигра што е можно повеќе силни натпревари со цел да ја одржи формата на повисоко ниво пред почетокот на лигата на шампионите. Потребно е воигрување, а ние сме хендикипирани бидејќи немаме настап во домашно и регионално натпреварување пред почетокот на ЕХФ Лигата на шампионките, а  во екипата имаме пет нови ракометарки, па ваквите дуели со ривали од самиот европски врв секако ќе бидат добредојдени, новата сезона во ЛШ почнува во средината на октомври,

Минатата сезона во Л.Ш  избраничките на Индира Кастратовиќ  и Ларвик играа во 1/4-финалето на, ние Скопје ја заверивме визата за настап на Ф4 турнирот,  победивме од 34-20. Екипата на Ларвик е поранешен европски Шампион  од сезоната 2010/2011, и уште двапати беше финалист 2012/2013 и 2014/2015. Исто така има и две титули во КПК, и еднаш беше финалист, а во финале играше и во Купот на ЕХФ.