Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Меморијалниот турнир “Винко Кандија“ прв предизвик за Вардарки во новата сезона

Меморијалниот турнир “Винко Кандија“ прв предизвик за Вардарки во новата сезона

Првиот предизвик за нашиот женски ракометен шампион ќе биде меморијалниот турнир “Винко Кандија“ во Љубљана. После двонеделните подготовки во Терме Зрече, денес Вардарки ќе го одиграат првиот меч во новата сезона. На турнирот ќе учествуваат екипите на Хипо, Крим и Подравка. Турнирот го отвараме со натпревар против екипата на Хипо, а истиот започнува од 17:30 часот. Во сабота играме два меча. Најпрво против Подравка (12:00), додека во вечерниот термин ќе одиграме дуел со Крим Меркатор (19:30).

На овој турнир ќе бидеме некомплетни поради неиграњето на ракометарките кои се дел од своите репрезентации на олимпиксите игри во Рио. Најбрзо треба да се приклучат Радичевиќ и Кликовац кои ги завршија своите настапи уште во групната фаза. Голманката на Бразил и нов член на Вардар, Мајса Песоа е елиминирана во четвртфиналето, додека Лакрабер и Лејно и обезбедија финале, а Херем ќе игра за третото место и тие најдоцна ќе пристигнат во Скопје. На денешниот натпревар ќе дебитираат и новите засилувања Тамара Мавсар и Дијана Илина.

Првиот натпревар во лигата на шампионите е во периодот од 14-16-ти октомври, на домашен терен против тимот на ФТЦ Будимпешта.