Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Стефанија Мишевска: Атмосферата е на врвно ниво, екипата е сплотена како никогаш досега

Стефанија Мишевска: Атмосферата е на врвно ниво, екипата е сплотена како никогаш досега

Од денес женската екипа на Вардар СЦЈС продолжува со тренинзи во спортскиот центар Јане Сандански, откако изминатиов период беше на подготовки во Маврово. Избраничките на Симовски и Царчев напорно се подготвуваат за новата сезона и предизвиците кои следуваат. Екипата претрпе мали промени во играчкиот кадар. Заминаа само три играчи, додека новајлии се младинките Николовска, Георгиевска, Божиноска и Станикевска. Една од ракометарките која има главен збор во одбраната и за која се поврзани успесите на ЖРК Вардар СЦЈС е Стефанија Мишевска.

-Изминатава недела во Маврово акцентот беше ставен на подигање на нивото на нашата физичка подготвеност. Се тренираше три пати на ден во извонредни услови какви што може да посака секоја млада ракометарка. Во наредниот период ни престои усовршување на техничко-тактичките делови од нашата игра и влегување во натпреварувачки ритам. Атмосферата е на врвно ниво, екипата е сплотена како никогаш досега.

Младите Вардарки оваа сезона повторно ќе бидат дел од Челинџ купот, каде целта е да се стигне до најдобрите четири екипи во ова натпреварување.

-Веруваме дека оваа сезона можеме да одиме чекор понапред во европските купови. Тоа е нашата главна цел оваа година, но не смее да се залетуваме пред време, натпревар по натпревар да докажеме дека Македонија има светла иднина во женскиот ракомет, изјави Стефанија Мишевска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски