Жрк Вардар стартуваше со натпревари во супер-лигата. Противник беше екипата на Жито Прилеп, на кој црвено-црните забележаа убедлива победа со резултат 46:20.
Она што е поважно да се одбележи на овој меч, е настапот на голем број млади ракометарки кои се дел од кадетската и младинската екипа на Жрк Вардар. Шанса за настап добија Анастасија Николовска (5), Ива Божиноска (4), Моника Георгиевска (2) постигнати голови, како и младата голманка Јована Мицевска. Сите ги искористија своите минути на теренот, и имаа значителна улога во победата на Вардар.
-Повикот од Индира беше неочекуван, но сум многу среќна што таа има доверба во мене и ми даде шанса да се докажам. Крилната позиција за мене е ново и големо искуство за понатамошен успех во мојата кариера. Релативно сум задоволна од мојата игра, но секогаш може повеќе. Можноста да настапувам заедно со едни од најдобрите ракометарки на овие простори, е голем мотив и поттик за големи успеси во иднина, бидејќи од толку големи имиња може многу да се научи, изјави Моника Георгиевска за нашиот сајт.
Звонко Ивановски