Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Александра Коловска: “Јуниор лигата“ е голем проект кој овозможува на сите деца здраво да се развиваат и да го сакаат овој спорт

Александра Коловска: “Јуниор лигата“ е голем проект кој овозможува на сите деца здраво да се развиваат и да го сакаат овој спорт

Големиот проект на ракометниот клуб Вардар, “Јуниор лигата“ ги исполни првобитните очекувања на сите школи кои во дебитанската сезона кои беа дел од оваа лига, а ги имаше повеќе од 20-сетина кои се натпреваруваа во различни возрасни генерации. Целта на еден ваков проект е да се зголеми интересот на младите за ракометот и секако најдобрите да бидат дел од младинските категории на РК Вардар. Токму таков е случајот со Александра Коловска која во новата сезона ќе игра за пионерките на РК Вардар. Изминатава сезона ја помина како дел од РК Општина Кисела Вода која се натпреваруваше во “Јуниор лигата“. Александра ќе не запознае со нејзините почетоци во ракометот, како и патот по кој стигна да биде дел од младинските екипи на Вардар.

-Започнав да тренирам ракомет од деветгодишна возраст во школата РК Кастратовиќ, каде тренер ми беше Здравкица Дамовска. Кога започна да функционира академијата на Вардар се префрлив во школото Круме Кепсеки во населбата Кисела Вода. Од мала го сакав ракометот и му кажав на мојот татко да ме запише на ракомет. “Јуниор лигата“ е голем проект на ракометниот клуб Вардар, кој овоможува на сите деца здраво да се развиваат и да го сакаат овој спорт. Изминатава сезона настапував за две генерации во РК Општина Кисела Вода. За генерација родени 2002-2003 кај тренерот Влатко Котевски и за генерација “2004“ кај Кристијан Грчевски. Работев секојдневно на тренинзите и со двете генерации се натпреварував во Јуниор лигата. Тоа ми овозоможи добро да напредувам и со голем труд и упорност успеав да бидам избрана на селекцијата за регрутирање на играчи во младинските категории на РК Вардар.

Александра е една од неколкуте ракометарки кои преку “Јуниор“ лигата успеа да се изборат за место во пионерскиот состав на РК Вардар, кој ќе го предводат Драгана Ристова и Билјана Пецевска. Нејзина цел е да се докажува и еден ден да има можност да заигра во првата екипа на овој клуб.

-Оваа сезона ќе бидам дел од пионерките на Вардар, каде работам со тренерите Драгана и Билјана Пецевска. Добро се вклопив во новата екипа, работиме секојдневно и се подготвуваме за настапи во првенството на Македонија. Иако сум најмлад член во составот ќе давам максиум од себе да се прикажувам во добро издание. Еден ден се надевам дека ќе заиграм и за првиот тим на Вардар, тоа е секако желба на секој играч кој е дел од младинските екипи на овој клуб, изјави Александра Коловска за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски