ЖРК Вардар е најдефицитарен година на позицијата пикер во пресрет на важниот меч за Црвено-Црните девојки, Германката која дојде од Турингер да го засили Вардар на позицијата пикер Ања Алтхаус се повреди . Вистинска среќа е што и покрај истата повреда Индира Кастратовиќ ќе може да смета на расположената ракометарка за мечот со Динамо .
Вчера во спортската сала Автокоманда ракометарките на Вардар го играа 12тиот меч од Македонската Супер лига со тимот на ЖРК Металург . Во првото полувреме поточно во 20 минута од мечот при еден дуел Алтхаус заработи повреда на носот . Стравувањата на женскиот ракометен колектив за нејзиниот настап на саботниот дуел последен од оваа фаза во Лигата на Шампионите се надминати . Лекарскиот тим ќе ја оспособи Ања за дуелот со Динамо, кој може да ги донесе Вардарки со победа и поволни резултати на конкурентите до толку посакуваното второ место во групата, кој ќе ни донесе поповолен противник во 1/4 Финале од Европската лига на ракометни шампионки .
На вчерашната генерална контролка пред мечот од ЛШ во сабота кој се одигра во салата Автокоманда со домашниот тим на Металург, девојките на Индира оствариа победа со 9 гола разлика односно 31-22 ! Мечот во сабота е закажан со почеток во 19 -00 часот .