Младинците на фудбалскиот клуб Вардар денес го одиграа 5.коло во младинската лига, тие на теренот “Јане Сандански“ во Аеродром беа домаќини на екипата на Брегалница од Штип. Во еден тврд дуел обезбедивме победа од 3-0, со три погодока во вториот дел. Љупчо Марковски –Калц мечот го почна со следните 11 играчи: на голот беше Трајчевски, играа Тодоровски, Личина (капитен) , Ричков, Исмаил, Димков , Додевски, Беќири, Димитровски, Стојчевски, Најдовски.
Мечот го почнавме со офанзивна игра, прва прилика имавме преку Виктор Димков кој не успеа да погоди. Ја имавме играта во почетокот на првиот дел, во текот на целото прво полувреме изведовме дури 16 корни што се показател за нашата доминација. Следна прилика имаше Најдовски Александар кој биеше со глава крај голот на штипјани. Димков повторно се обиде со волеј по центаршут, но топкатга не го посака и заврши крај голот. Во следната корна повторно на исти начин се обидуваме и непогодуваме, овој пат преку Јасир Беќири. Штипјани првпат во средината на првиот дел во 19 минута се обидоа од слободен удар топката беше лесен плен за нашиот голман Трајчевски кој одлично одбани. Виктор Димков се обиде повторно од 25 метра , голманот на гостите Мартин Давков одлично одбрани. Најголемата шанса во првиот дел ја имаа штипјани одкако , одзема една топка и во ситација сам на сам беше Рунтев, сепак нашиот голман Филип Трајчевски направи чудесна интервенција и доби аплаузи. Изведувавме слободен од позиција на скратен корнер нафрливме одлично, Теодор Димитровски топката ја зафаќа со глава сепак Давков одлично брани и исфрла во корна. Истиот играч во последната минута од првиот дел се обидува по корна , сепак голманот на штипјани брани и го носи мечот на одмор со реми резулат, почетните 0-0.
Вториот дел го почнавме со желба да постигнеме гол за да поведеме конечно. По само 40-50 секунди успеваме да погодиме за 1-0. Беќири центрира на прва статива , топката ја зафаќа денес најдобриот поединец, капитенот Личина топката доаѓа на втора каде немилосрдно “егзекутира“ Најдовски Александар. Вардар по првиот гол е во целосна офанзива со цел да го дуплира воството. Беќири одлично шутира, но голманот на гостите исфрла во нова корна . Додевски Дарко се обидува да погоди со удар од над 25 метра, голманот исфрла повторно во корна, како и во првиот дел така и во вториот нашиот притисок резултираше со многу исфрлање во корна на сино-белите. Димков Виктор е во соло продор во продолжение , одлично се ослободува од чуварите шутот завршува во мрежата, но од надворешната страна. Голот стигна како награда за нашата одлична игра, подесно одличен продор на Јасир тој поземја асистира до Димков чија игра и труд денес е нагрдадена со погодок за 2-0. По овој гол Марковски од клупата почнува да менува, и да го освежува тимот кој одигра одлично против еден високо мотивиран и крајно дефанзивен состав на Брегалница. Беќири Јасир во продолжение солира се обидува , сепак ударот и овој пат завршува крај голот на гостите. Димков постојано е опаснос за голот на гостите, запишува уште една прилика за себе во продолжение кога повторно во соло продор исфрла неколку играчи и шутира над гредата. За одбележувања се две шанси на Додевски Дарко во продолжение : во првата шутира од 18-20 метра по земја голманот на штипјани брани кој дефинитивно е играч број едне кај гостите, а во следната од 25 метра шутира неколку сантиметра над гредата. За пофалба е играта на капитенот Личина кој командуваше со тимот и ги поврзуваше сите линии од тимот, на корни беше постојана опасност пред голот на гостите. Во вториот дел шанса од клупата доби Папуџиев Ристо тој имаше две прилики, првата со волеј ја претвори во гол за 3-0, резултат со кој заврши мечот. Потоа во последната минута од 20 метра се обиде топката заврши над гредата. Ова е петта победа во исто толку мечеви за младинците оваа сезона.