Завчера фудбалерите на црвено-црните (види) ја одпочнаа кампањата “Стоп за дискриминацијата“ , а на истата вчера се приклучија и ракометарите и стручниот штаб на ракометниот тим Вардар. Машкиот ракометен колектив во новата ракометна сезона 2016/2017 се вклучува во ЦСР кампања „Стоп за дискриминација” која што ќе трае во текот на целиот шампионат. Младинците со посебни потреби од ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци-Скопје имаа можност да се сретнат со ракометарите на Вардар и стручниот штаб. Целокупниот бренд “Вардар“ покажува дека е нешто повеќе од обичен клуб, тој е македонска гордост, македонска најсјајна ѕвезда, општествено одговорен субјект кој вистински ги поставува својте цели. Целта на овој проект е да се осигура дека луѓето од маргиналните групи се прифатени во општеството и да се крене нивото на совест за предизвиците со кои се соочуваат овие луѓе.