Црвено-црниот ракометен машки колектив ќе го игра седмиот дуел во регионалната СЕХА-Гаспром лига. Во него ќе играме против екипата на Горење Велење од Словенија. Овој дуел е на програмата вечерва на домашен терен во спортскиот центар “Јане Сандански“. Истиот е закажан со почеток во 17:45 часот.
Од овој меч ќе може да се проследи директен телевизиски пренос на државната телевизија. Македонската радио и телевизија ќе го пренесува мечот на првиот програмски канал, со коментар на Драган Николовски. Вардар по шест кола со освоени 16 бода односно со пет победи и едно реми е на врвот на табелата пред Веспрем кој има 9 бода по четири меча и беше поразен во Скопје. За Горење каде играат екс вардарците Тоскиќ и Брумен ова е четврти регионален дуел, тие досега имаат само една победа. Во мечот ние сме фаворити за триумф бидејќи квалитетот е на страната на избраниците на Раул Гонзалес. Билетите за овој меч се во продажба, повеќе информации за нив -ТУКА.