Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар одигра “инфаркт“ реми со ФТЦ Будимпешта во Л.Ш
Вардар  одигра “инфаркт“ реми со ФТЦ Будимпешта во Л.Ш

Вардар одигра “инфаркт“ реми со ФТЦ Будимпешта во Л.Ш

Женскиот ракометен клуб Вардар по подолга пауза конечно одпочна со играње на официјални мечеви. Денес во првото коло во ЕХФ Лигата на шампионките бевме домаќини на екипата на ФТЦ Будимпешта. Во овој дуел ремизиравме со ФТЦ 27-27.

1

Мечот почна со наше водство преку погодок на Алтхаус. Потоа гостинките набрзина со два гола го преземаат минималното водство од нас. Се играше гол за гол ниеден тим не се одлепуваше резултатот постојано беше нерешен или гол предност за едната екипа. Во 10 минута влеговме со резултатска симетрија 6-6. Се почуствува дека   црвено-црните избранички на Индира Кастратовиќ  имаат голема пауза со официјални натпревари , но девојките се трудат максимално и тоа е поздравено од публиката во салата. При резултат 8-8 на голот Лејно ја заменува Суслина, таа набрзина реди три интнервенции што резултира со тоа што во 18минута поведуваме со 10-8 преку Радичевиќ. Во продолжение следува мини серија на гостите 1-3 и во 22 минута тие го изедначуваат резултатот на 11-11. Следуваат минути на црвено-црните во 28 минута влегуваме со мало, но одлично водство од два гола 15-13. По одличната игра во одбраната , преку Лекрабер првпат идеме на плус три, 16-13. Докрајот на првите тримесет минути по еден гол во двете мрежи со истатат преднос се иде на одмор. На полувреме во спортскиот центар “Јане Сандански“ на семафорот стоеше 17-14.

2

Во 3 минута од вториот дел постигнат е првиот гол во вториот дел, тој е дело на Хмирова која првпат не носи на “плус четири“ на оваа средба, резултатот е  18-14. Во продолжението гостите заиграа посериозно во одбранта, постепено намалувајќи го нашето водство. Во 11 минута од вториот дел успеаа да дојдат на нерешен резултат 20-20. Со мирна игра полека во продолжението се обидовме да се одлепиме и успеавем да поведеме со 24-22, што резултираше со минута одмор заради консултација побарана од клупата на гостинот ФТЦ Будимпешта. Веднаш по неа тие успеваат да изеднача на  24-24, играме со желба денес сепак не успеваме да се одлепиме , ова е наш прв натпревар по летната пауза тимот сеуште не е во натпреварувачка форма. После изедначувањето во 22минута, тајм-аут за црвено-црните кои сакат триумф за отварање на сезоната во елитната женска европска лига. По ова следуваат 3-4 “стерилни минути“ во кој двете екипи прават грешки, голманите бранат и не се менува резултатот во “Јане Сандански“. Пенезиќ со гол во 56 минута зголемува на 25-24 следуваат последните нецели пет минути во кои се е во игра. Гостинките успеваат да наптават пресврт и да влезат во поледните  две минути со позитива 26-27. Изедначуваме 27-27 , гостинките имаат напад на 58 секунди до крај, тие и ако трошат 42 секунди од времето сепак не успеваат да погодат, за нас остануваат 9 секунди , а нашата клупа бара минута за последни консултации. Судиите повеќе од неоправдано ни ја одземаат топката, госите шутираат преку цел терен за победа сепак погдуват стативе , реми исход на овој дуел. Најефиканса кај нас беше Пенезиќ со 8 гола.

6