Денес во спортската сала во населбата автокоманда се одигра дерби натпревар во женската младинска лига. Новата сезона стартуваше со натпревар помеѓу екипите кои се најголеми претеденти за освојување на титулата. Металург и Вардар ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат од 23:23.
Натпреварот започна со два последователни гола за екипата на Металург, која имаше стартно водство од 2:0. Вардарки се ослободија од почетниот притисок и почнаа да играат подобро. Набргу стигнавме до израмнување на резултатот на 4:4. Во следните десет минути се играше гол за гол на двете страни и ниедна од двете екипи не успеа да има водство поголемо од еден гол разлика. Полседното израмнување се случи при резултат 7:7, кога Металург повторно успева да ја преземе предноста и да ги врати оние највисоки два гола од стартот на натпреварот. Домашната екипа имаше водство од 9:7 и 11:9, но сепак последните два погодоци во првиот дел ги постигнува Вардар за нерешен резултат од 11:11 по првото полувреме.
Вториот дел започна со гол за Вардар кој стигнува до предност од 11:12. Многу сличен тек на резултатот имаше и второто полувреме. Металург постојано беше во предност, но таа не беше поголема од два гола разлика. Секогаш кога домашниот тим се обидуваше да се одлепи, избраничките на Анжела Платон враќаа со иста серија и го израмнуваа резултатот. Металург беше можеби поблиску до победата. Во завршните десет минути имаа водство од 21:18 и 22:20, но сепак финишот му припадна на Вардар. На две минути пред крајот Металург имаше високи 23:20, но црвено-црните не се откажаа и со три последователни голови го израмнија резултатот. Можеби нерешениот резултат на крајот беше најреален исход на овој натпревар.
Најефикасна во нашиот состав беше Анастасија Николовска која постигна 6 гола. Анастасија Нелоска беше стрелец на 5 погодоци. Леонида Гичевска, Сашка Филипоска и Ангела Карчева постигаа по 3.