Денес во малата сала при С.Ц “Јане Сандански“ се одигра второто коло во ракометната Вардар Јуниор Лига. Во групата еден во дуел кај генерацијата 2006/2009 се сретнаа екипите на ГРК Гостивар и РК Војнисон. Во овој дуел победата беше однесена со пресврт, мечот го доби РК Војнисон со резултат 4-6. На полувреме доминираше и со водство отиде на одмор тимот на Гостивар, тие поведоа во првиот дел 3-0. Сепак во вториот дел нивните противници изнајдоа сили и со серија 1-6 направија целосен пресврт.
На овој дуел гостин беше голманот на РК Вардар легендарниот Арпад Штербик тој се сликаше со младите надежи, кои беа маѓебсани од присуството на една ваква ракометна величина на нивниот дуел.