Утре ЖРК Вардар ќе го одигра последниот меч од почетната групна фаза во ЛШ. Нашите девојки по феноменалната игра во Унгарија, одат на нов триумф на гости.
За овој натпревар ЕХФ одреди судиска двојка од Словачка. Станува збор за Петар Бруновски и Владимир Чанда. Се надеваме на добро судење.