Вардар покажа со каква моќ располага и против Лајпциг. Попладнево нашите девојки го “демолираа” уште еднаш германскиот тим и славеа нова победа со резултат 22:45 (9:22). Во тимот денеска недостасуваа Пенезиќ, Суслина и Алтхаус. Вардарки ќе пренесат седум поени во наредната фаза.
Вардар првиот дел го одигра на многу лесен начин, и по само 30 минути игра покажа дека е неколку класи подобар од Лајпциг. Иако Вардар почна лошо, сепак работите си дојдоа на свое место како одминуваше натпреварот. Лајпциг на почетокот имаше преднос од 4:2, но потоа Вардарки се вратија, и се до крајот на првиот дел го надиграа противникот. Во 15 минута од мечот Вардарки имаа веќе предност од 10:7. Потоа Вардар само си ја надополнуваше предноста. Па така, во 21 минута одличната денеска Лакрабер преку пенал донесе и 13:8. Потоа во 24 минута со гол на Хмирова Вардар дојде и на високи плус девет 17:8. Исто така во првиот дел и Човиќ имаше одлична партија со четири гола од исто толку обиди. На полувреме се замина со предност од 22:9. Најрасположена за голови беше Лакрабер која постигна шест по првиот дел.
Во вториот дел прв погоди во нашиот тим Лекиќ за 23:9. Следуваше уште по еден гол на двете страни за 24:10 за Вардар. Лакрабер продолжи во одлично темпо, во 33 минута го постигна и седмиот гол денеска за веќе највисоки плус петнаесет. Следна која погоди беше Хмирова која со третиот гол денеска донесе и плус шеснаесет за нашиот тим. Лекиќ продолжи да го полни голот на домаќинот, со својот четврти погодок денеска донесе 27:12 во 37 минута од мечот. Во 41 минута со голот на Мавсар од пенал Вардар дојде до највисоките плус седумнаесет. Во 44 минта дојде и првиот гол на Ристовска за 33:15. Во 49 минута Вардар дојде и до највисоките плус дваесет. Се беше јасно уште во првиот дел на овој натпревар, само нашите девојки си го зголемваа салдото на голови во вториот дел. Првиот гол во дресот на Вардар го постигна и Илина со убав погодок од далечина во 50 минута. Во 55 минута резултатот гласеше 40-19 за Вардар. Се до крајот на мечот вардарки рутински ја довршија својата задача и славеа убедлива победа.