Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Наташа Младеновска- “Јуниор“ лигата ни дава можност да видиме до каде сме со работата и од натпревар во натпревар да бидеме се подобри
Наташа Младеновска- “Јуниор“ лигата ни дава можност да видиме до каде сме со работата и од натпревар во натпревар да бидеме се подобри

Наташа Младеновска- “Јуниор“ лигата ни дава можност да видиме до каде сме со работата и од натпревар во натпревар да бидеме се подобри

Во следното интервју разговараме со Наташа Младеновска-Ѓорѓиевиќ поранешна македонска рапрезентативка и член на неколку македонски клубови. Таа беше дел од РК Куманово, Еуростандард Ѓорче Петров, Кометал Ѓорче Петров,  РК Кале Кичево и ЖРК Металург. Таа сега е дел од тренерскиот тим на ракометната школа РК Карпош Вардар од Куманово која се натпреварува во најдолемиот проект на црвено-црниот тим, Вардаровата Јуниор Лига. Таа во продолжение ќе не запознае со својот тим, и поставеноста во него.

Нашата школа Карпош-Вардар постои 3 години. Формирана е од страна на Миодраг Јовановски-Црни докажан тренер во македонскиот ракомет. Во сколп на училиштето работиме уште тројца тренери исто така бивши спортисти и тоа Александар Јанчиќ, Љубиша Димковски и јас Наташа Ѓорѓевиќ (Младеновска).  Ракометната школа брои околу 45 деца од различна возраст. Поделени се во три групи и тоа генерација 2000/2001 и помали, генерација 2004 и помали и остатокот се мешана група на деца почетници. Групите тренираат по три пати неделно и плус натпревари кои ги играме во склоп на лигата како и натпревари кои организираме со други екипи од градот.

karpos-2

Во прододолжение Наташа ни зборува за учеството во големиот проект ракометната Вардар Јуниор лига. Таа вели:

Минатата година од генерација 2004 имавме 3 девојчиња кои се натреваруваа во Јуниор лигата фузирани со екипата на Виница, оваа година интересот за учество во лигата е многу поголем така да имаме две екипи кои се натпреваруваат во лигата. Тоа се женска екипа 2000/2001 и машка екипа 2004 година. Наредната година планираме да вклучиме уште една екипа во лигата со многу помали дечиња. Инаку сакам да напоменам дека школата Карпош постои 5 години, и дека ние сме дел од академијата на Вардар уште од самит почеток на формирање на истата, под името Карпош Вардар постоиме 3 години.

Зад себе Наташа попозната во ракометната јавност како Младеновска, а денес Ѓорѓевиќ   имаше одлична кариера, го носеше државниот жолто-црвен дрес. Играше во неколку мак.клубови таа ни кажува како се снаоѓа како тренер и како им го пренесува своето богато искуство на младите и идни вардарци.

karpos

Како што напоменав предходно јас покасно се вклучив во Академијата. Веќе третта година како не се занимавам со ракомет и искрено ми требаше време да се решам да се видам себе во улога на тренер. Пресудно да ја прифатам понудата беше што и на мене лично почна да ми недостасува ракометот. Исто така сметам дека би било себично од моја страна да сето она знаење и искуство што го имам стекнато со години работејќи со врвни и докажани тренери да не го пренесам на дечиња и не допринесам за нивно оформување како играчи.

Како ја оценува вардаровата Јуниор лига во која нејзината екипа годинава е дебитант и првпат се сретнува со ова натпреварување. Наташа вели :

Како дебитанти во Јуниор лигата задоволни сме до сега и машката и женската екипа добро се снаоѓаат. Со оглед на тоа што ни е прва година за почеток убаво дружење на дечињата. Овие натпревари ни се важни да видиме до каде сме, што треба да корегираме како во игра така и индивидуално и нормално од натпревар во натпревар да бидеме се подобри.

Михајло Тушевски