Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки со најмногу освоени бодови и убедливо најефикасен напад по завршување на првата групна фаза, Радичевиќ и Пенезиќ високо котираат на листата на најдобри стрелци
Вардарки со најмногу освоени бодови и убедливо најефикасен напад по завршување на првата групна фаза, Радичевиќ и Пенезиќ високо котираат на листата на најдобри стрелци

Вардарки со најмногу освоени бодови и убедливо најефикасен напад по завршување на првата групна фаза, Радичевиќ и Пенезиќ високо котираат на листата на најдобри стрелци

Нашиот женски ракометен шампион ја заврши првата групна фаза во лигата на шампиони на првото место на табелата. Црвено-црните забележаа пет победи и само еднаш играа со нерешен резултат и тоа во првото коло против тимот на ФТЦ Будумпешта. До крајот на групната газа следеа две победи против Астраханочка, Лајпциг и како “шлаг“ убедливиот триумф против должникот, екипата на ФТЦ. По неколку аспекти Вардарки доминираа во одност на останатите екипи во најголемото ракометно натпреварување. Тие го имаат убедливо најефикасниот напад во ЛШ, каде постигнаа вкупно 220 голови, дури 46 повеќе од екипите на Ѓер и Ларвик кои го има вториот најдобар напад со 174 голови. Покрј тоа нашиот состав освои најмногу бодови во овој дел од натпреварувањето. Тука Вардар е прв со 11 бодови, додека на второто и третото место се екипите на Ѓер и Будуќност со по 10 освоени бодови.

Во однос на листата на најдобри стрелци, високо котираат Јованка Радичевиќ која е на делба на 7 место со вкупно 33 постигнати голови, додеа Андреа Пенезиќ е на 11 позиција со 32 погодоци. Во ТОП-50 листата на најефикасни ракометарки по завршување на првата групна фаза се наоѓаат уште две девојки од нашиот состав. Двете нови засилувања кои пристигнаа летово, Тамара Мавсар е на 34 место со 21 погодок, додека Лакрабер е на 39 место со 20 постигнати голови.

Следниот натпревар за ЖРК Вардар во рамките на првото коло од главната групна фаза е на 29-ти јануари следната година, против екипата на Будуќност, кој ќе се одигра во Подгорица.