Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > “Јуниор лига: (Фото) РК Делчево го доби женското дерби против РК Кастратовиќ, кај генер. 2002/03
“Јуниор лига: (Фото) РК Делчево го доби женското дерби против РК Кастратовиќ, кај генер. 2002/03

“Јуниор лига: (Фото) РК Делчево го доби женското дерби против РК Кастратовиќ, кај генер. 2002/03

Дербито во женскиот дел од ракометната “Јуниор“ лига, кај генерација родени 2002/03 му припадна на РК Делчево, кој беше подобар во дуелот со екипата на РК Кастратовиќ.

2

Во најголем дел од првото полувреме се играше израмнето и ниту една од двете екипи не успеа да се одлепи на поголема предност од два гола разлика. Избраниците на Горан Велков беа постојано во водство, но на спортивната страна РК Кастратовиќ враќаше на секој нивни погодок. На стартот од мечот Делчево имаше предност од 2:0, но во продолжение од мечот избраничките на Дамовска успеа да го свртат резултатот во своја корист и да поведат со 4:5. Делчево повторно поведе со 9:7, но до крајот на првиот дел, РК Кастратовиќ го израмни резултатот на 9:9.

1

Второто полувреме со гол го отвори РК Кастратовиќ за водство од 9:10, но Делчево е екипата која успева за прв пат на мечот да направи поголема серија од 4:0 и да поведе со највисоки во тој момент 13:10. Во продолжение од мечот Делчево одржуваше предност која се движеше од 2-4 голови разлика.

3

РК Кастратовиќ се обидуваше да парира на играта на противникот, но РК Делчево покажа дека сепак е поквалитетна екипа. На седум минути пред крај поведоа со 20:14 и со солидно водство влегоа во завршницата од натпреварот. Стекнатата позитива ја одржуваа до крајот за победа со резултат 23:19. Ивана Арсениевска постигна 10 гола кај Делчево, додека кај РК Кастратовиќ Нина Неделковска со 7 и Мила Пешиќ со 6 голови беа најефикасни.

5678910111213144